Детали
Инвертер клима уред Seiya Classic 2 претставува совршен влез во светот на климатизацијa. Овој модел од Toshiba е опремен со економичен инвертер компресор и сите функционалности на кои се навикнати корисниците на премиум бренд како Toshiba.
New Seyia Classic 2 го користи новиот ладилен медиум R32, кое што не е само поеколошки, туку и носи дополнителни заштеди во потрошувачката на електрична енергија.
Toshiba inverter системите се посебно ефикасни, бидејќи модулацијата на капацитетот односно снагата на компресорот ја прават до совршенство. Односно Seyia Classic 2 inverter клима уредот може да модулира константно помеѓу 20% и 100% користејќи интелегентна контрола, со тоа се добива константна температура во просторијата.
Seiya Classic 2 го намалува нивото на бучава со две функции за тивко работење: QUITE на внатрешната единица ви овозможува непречен мир ноќе и SILENT на надворешната единица за апсолутна тишина кај Вашите соседи. И сето тоа со само едно притискање на копче!
Уникатноста на овој модел е збогатена со опција за ON-DEMAND Defrost – избор преку копче на далечинскиот управувач, за поедноставно и беспрекорно искуство дури и при најниски надворешни температури и зголемена влага на воздухот.
Покрај тивката и економична работа, уредот Seiya ќе ви обезбеди и одличен квалитет на воздухот благодарение на филтерот „IAQ“ и разменувачот на топлина Magic Coil. Разменувачот на топлина на внатрешната единица секогаш се одржува чист и сув со помош на специјален слој заедно со функцијата за самочистење по завршувањето на работата при ладење, со тоа се избегнуваат непријатните мириси и развој на бактерии.







There are no reviews yet.